Таа во своето обраќање во касарната „Боро Менков“ во Куманово рече дека Командата за операции, најголемата команда во Армијата, која е и столбот на македонската Армија, во себе ги вклучува сите видови на родови и служби кои успешно ги спојува во една професионална, мотивирана и добро обучена сила чија основна цел е безбедноста на татковината и сигурноста на сите наши граѓани.
Министерката информираше дека процесот на модернизација и опремување е процес кој ќе продолжи да се движи со позабрзано темпо.
„Во буџетот, кој веќе е во фаза на планирање, за следната година се издвојуваат два проценти од БДП за одбраната, а веќе една третина ќе биде и понатаму наменета за продолжување токму на процесот на модернизација. Тоа значи дека можеме со сигурност да кажеме дека Армијата ќе продолжи континуирано да се опремува со нова, модерна и софистицирана воена опрема“, додаде Петровска.