недела, 28 април 2024

„Париски цртан филм“ изложба на Јана Манева – Чупоска

Во рамки на Неделата на франкофонски филм во сабота во фоајето на Кинотека ќе биде отворена изложбата „Париски цртан филм“ на проф.д-р Јана Манева – Чупоска.

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија, во техника јаглен во форма на филмска лента.

Оваа изложба е создадена во 2023 година во македонското ателје при меѓународниот центар во Париз (Cite Internationale des arts). Лични импресии, додадени соништа, реални и нереални форми и облици кои ја креираат реалната и уметниковата рефлекција од градот Париз. Француска историја, француска гастрономија, француска мода… Париски соништа…

Изложбата е закажана за 21.30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ