понеделник, 13 мај 2024

Се „скараа“ двата синдикати на вработените во културата

Вработените во Министерството за култура, членови на синдикалната организација на УПОЗ најостро реагираат на навредите и омаловажувањата искажани од страна на претседателката на Синдикатот на културните работници на Македонија, Вера Атанасовска, на собирот одржан во петокот, 19 април 2024 година пред Министерството за култура, пишува во соопштението испратено до јавноста од Синдикатот.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Потсетуваме дека на протестите на вработените во Министерството за култура минатата 2023 година, од страна на Синдикатот на Министерството за култура при УПОЗ, во ниту еден момент, не побаравме непостапување по потпишаниот Колективен Договор за културата, ниту намалување на платите на културните работници, туку напротив, ја поздравивме нивната одлучност и единство во борбата за подобар статус, пишува во соопштението на Синдикатот на вработените во културата при УПОЗ.

„Нашите барања беа и се во насока на потпишување и на Колективен Договор за вработените во Министерството за култура на ниво на работодавец, со кој ќе се зголемат мизерните примања на вработените во Министерството за култура. Нашата борба е независна од онаа на Синдикатот на културните работници и затоа одбиваме да влегуваме во спиновите на претседателката Вера Атанасовска, која тенденциозно ги упати навредите кон вработените во Министерството. Согласно сите реакции кои стигнаа до нас вработените во министерството, можеме да заклучиме дека зад она што Вера Атанасовска го упати до вработените во Министерството за култура, не стојат сите членови на Синдикатот на културните работници. Поради тоа бараме, од претседателката Вера Атанасовска, во рок од 48 часа согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, јавно да се извини за искажаните навреди, клевети и омаловажувања, во спротивно ќе треба да се објаснува пред судските инстанци за нарушување на честа и угледот на вработените во Министерството за култура“, Синдикатот на вработените во културата при УПОЗ.

Од министерката Бисера Костадиновска Стојчевска пак од овој синдикат побараа, „во иднина, кога ќе зборува за своите заложби и за грижата, подеднакво за сите, да ја информира јавноста дека ова не важи и за нејзините вработени во Министерството за култура“.

„Платите на вработените во Министерството за култура не се покачени за 52 отсто туку напротив, денес можеме да кажеме дека повеќе од 90 отсто од вработените во Министерството за култура земаат под просечната плата во државата, односно платите се движат од 24.000 до 34.000 денари!!“, пишува во соопштението на Синдикатот на вработените во културата при УПОЗ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ