Трошоците за осудениците варираат во зависност од една до друга затворска установа.
„Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите“, вели Александар Пандов.
Според Пандов,намалувањето на затворската популација, може да се направи на три начини: преку условен отпуст, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што околу 60 проценти се повратници.
„За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден, не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Наредната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година“ изјави Пандов.
Моментално, околу 400 лица имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман.
Меѓу другото, Пандов посочи дека се подготвува и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.
Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.