среда, 4 декември 2024

Кривична пријава за рудникот Саса, испуштил отровен цијанид во Каменичка река

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, поднела кривична пријава против рудникот Саса и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во рудникот, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела загадување на животната средина и природа и загадување на добиточна храна и вода.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 1 до 4 август 2024 година, соопштија денеска од МВР, при процесот на флотација, од рудникот, во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци.

„Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите“, појаснуваат во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ