среда, 4 декември 2024

Директорката на Инфраструктура на железницата на Србија поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад

Директорката на Инфраструктура на железницата на Србија Јелена Танасковиќ поднесе оставка на таа функција, јавуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е втора оставка во текот на вчерашниот ден, откако тоа претходно го направи и министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија Томислав Момировиќ.

Претходно поради трагедијата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, кога се урна натстрешницата на железничката станица, оставка поднесе министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави во вторникот вечерта во обраќањето до јавноста дека веќе во текот на вчерашниот ден очекува по повод несреќата во Нови Сад нови оставки во владата и на други места.

Кажа дека е сигурен и дека надлежното обвинителство ќе преземе мерки во најскор можен рок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ