Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30л/м2). Преку денот ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен, (наместа над 70 km/h), а врнежите од дожд ќе преминат во снег и на некои пониски места.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 9 до 15 Целзиусови степени.