среда, 11 декември 2024

Пелистер пропушти шанса уште еднаш да ја победи Фредериција, само реми во Битола

Битолската публика очекуваше дека денеска ќе се израдува на првата домашна победа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, но тоа не се случи, актуелниот македонски шампион одигра 29-29 против Фредериција.

Објавено на

часот

Сподели

Еурофарм Пелистер во минатото коло на гостински терен ја совлада Фредериција, па денеска под водство на новиот тренер Раул Алонсо влезе како фаворит на мечот меѓу овие две екипи кои се играше во Битола.

Гостите водеа во најголемиот тек од мечот, неколкупати во првиот дел имаа и по четири голови предност, на полувремето се замина со водство за Фредериција од 16-13.

Во вториот дел Пелистер почна да ја топи негативата и конечно дојде до прво водство, беше 24-23.

При водство од 28-27, Пелистер имаше напад да поведе со два гола разлика, но Хосни лесно ја загуби топката, дозволи од контра да израмнат ракометарите на Фредериција. Следуваше нова грешка на битолчани, и гостите поведоа со 29-28.

Пелистер успеа да изедначи со гол токму на Хосни. Митревски го одбрани нападот на гостите, па Пелистер нападна за да дојде до победа, но не успеа да погоди, конечниот резултат гласеше 29-29.

Радивојевиќ со седум гола беше најефикасен кај Пелистер, Кузмановски постигна пет, Тајник четири. Во составот на Фредериција, Мартинусен даде седум голови.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на гостински терен кај Веспрем на 28 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ