„Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, напиша Сиљановска.
Вчера и премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека Владата ја поддржала кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерална секретарка на НАТО. Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.
„Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши“, изјави Мицкоски, додавајќи дека и телефонски се слушнал со Шекеринска.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.