петок, 6 декември 2024

Сите 13 припадници на велешката група осудени за сексуална злоупотреба на малолетничка

Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 обвинети припадници на таканаречената велешка група за кривични дела трговија со малолетно дете, силување и прикажување порнографски материјали на малолетник.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.

„С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и  Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години  6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

На првите пет осудени, судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.

„Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата, станува збор за кривично-правена постапка која во текот на главната расправа, по предлог на јавниот обвинител, но и заради одредбите од Законот за кривична постапка, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправата, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред сѐ, заради заштита на податоците на жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права“, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 луѓе, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ