недела, 30 јуни 2024

Османи на Муцунски денеска официјално му го предаде министерскиот кабинет и функцијата

Поради службеното патување на новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски за Брисел уште на првиот ден по изборот на новата Влада, дури денеска во Министерството за надворешни работи се случи официјалното примопредавање на функцијата министер. Доскорешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи му посака успешна работа на новиот министер Муцунски.

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово, во Министерството за надворешни работи извршивме примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи со мојот претходник, Бујар Османи.
Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата.
И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата“, соопшти Муцунски.
Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Претходно, Муцунски му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Аеродром на Дејан Митески, кој ќе биде новиот в.д. градоначалник на Општината.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ