вторник, 16 јули 2024

Шумски пожари во турски летувалишта, евакуирани гости на хотели во Кушадаси (ВИДЕО)

Шумски пожари избиле во Езине во провинцијата Чанкале, во округот Кушадаси во провинцијата Ајдин и во окрузите Мендерес, Селчук, Тир и Чешме во Измир, а турските пожарникари ги гасат од копно и од воздух.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Евакуирани се жителите на неколку села и гости на два хотели во Кушадаси.

Првиот пожар избил во атарот на селото Карачадаг, вчера попладне, и неговото гасење почнало во рок од десетина минути, вклучувајќи и од воздух, пренесе телевизијата ТРТ Хабер.

Во рамки на мерките за претпазливост евакуирани се жителите на селото.

Друг пожар избил во одморалиштето Чешме во истата провинција Измир, како и долж автопатот Измир-Чешме.

Поради пожарот делницата од Измир до Чешме била затворена за сообраќај околу дваесетина минути, но по интервенцијата на пожарникарите, патот бил повторно отворен.

Во провинцијата Чанкале пожарникарите гасат пожар кој зафатил земјоделско земјиште во регионот Езине, а мештаните на две села се евакуирани.

Голем шумски пожар гори во провинцијата Измир во близина на приморското село Памучак, а набрзо се проширил до шумата на одморалиштето Кушадаси во соседната провинција Ајдин.

Сообраќајот на автопатот Селчук-Кушадаси е прекинат поради пожарот, кој од воздух го гасат четири авиони и пет хеликоптери.

Поради пожарот кој поради ветерот се движел кон Кушадаси, евакуирани се два хотели во округот Бајраклидеде. Гостите кои престојувале во загрозените хотели се упатени во други хотели во близина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ