недела, 17 ноември 2024

Од свеченоста за денот на ВМРО, Мицкоски замина во Будимпешта на средба со Орбан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот на партијата Александар Николоски денеска во Будимпешта остварил средба со претседателот на партијата ФИДЕШ и премиер на Унгарија, Виктор Орбан.

Објавено на

часот

Сподели

Во штурото партиско соопштение, од ВМРО – ДПМНЕ информираа дека на средбата биле констатирани одличните пријателски односи меѓу двете партии (ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС, двете членки на транснационалната организација Европска народна партија – ЕПП), и станало збор за реализација на стратешките цели на Македонија.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија“, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

На средбата бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата што се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно било разговарано за идни проекти и планови за развој, кои, како што се наведува во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија. 

Партијата ФИДЕС на унгарскиот премиер, Виктор Орбан е суспендирана од ЕПП од март 2019 година но сепак не е и исклучена затоа што обидите да се направи тоа пропаднаа, бидејќи што најголемите партии во оваа организација како штое германската ЦДУ и Шпанската наросна партија, одбија да гласаат за исклучување на партијата на Орбан. 

Инаку во периодот од јули до декември 2024 година Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската Унија од нејзината претходничка Белгија. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ