сабота, 27 април 2024

Од Европол исчезнале тајни документи: „Ова е сериозен инцидент“

Повеќе многу чувствителни документи кои содржеле лични податоци на високи полициски функционери исчезнале минатото лето од седиштето на Европол во Хаг, каде требало да бидат безбедни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во европската полициска агенција не знаат кој ги земал. Според интерна белешка на агенцијата, во која имал увид Политико, како и од разговори со сегашен и поранешен персонал, печатени лични досиеја на извршната директорка на Европол Кетрин де Бол и други високи функционери исчезнале пред септември.

„На 6 септември 2023 дирекцијата на Европол е известена дека исчезнале лични хартиени досиеја на неколку припадници на персоналот на Европол“, се наведува во пораката. Кога службениците ги провериле сите документи на агенцијата, откриле дека „недостигаат уште документи“, се наведува.

„Имајќи ја предвид улогата на Европол како тело за спроведување на законот, снемувањето на лични досиеја на негови членови претставува сериозен инцидент на кршење на безбедноста и тајноста на личните податоци“, се наведува во белешка која е објавена во интерниот комуникациски систем на 18 септември.

Европол е една од најголемите агенции на Европската Унија. Координира големи меѓународни истраги и операции со националните полициски власти и партнери како Интерпол и американски ФБИ.

Политико разговарал со четворица сегашни и поранешни функционери на Европол кои се запознаени со инцидентот. Некои од изгубените досиеја повторно се појавиле кога граѓанин ги нашол на јавно место во Хаг и ги однел во локална полициска станица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ