На листата на нови македонски амбасадори се и имињата на Илбер Села, директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните кој ќе замине во Берлин, а поранешниот градоначалник Андреј Жерновски оди во Букурешт.
Во Израел и Полска ќе патуваат Шпенд Садики и Јасмин Ќахил, двајцата вработени во МНР.
Наредната недела, пред собраниската Комисија за надворешна политика овие седум кандидати за нови амбасадори на Македонија ќе ги реферираат своите проекти и планови за идните дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во соодветните амбасади.