Николоски додаде дека со тоа Македонија ќе ја изгуби својата енергетска независност.
„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност“, рече тој.
„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал. И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава. Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ. бројни држави на пример воопшто не ја продаваат дистрибуцијата“, појасни Николоски.
Тој посочи дека вториот проблем е што на власта полна и е устата со ЕУ, НАТО и Америка, но 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина. Може тоа и да се воочи и во бордот на директори, каде што тројца се од Кина.
„Значи овие нашиве големи прозападни европејци, натовци… кога им е за бизнис стануваат Кинези и Руси“, појасни тој. Николоски нагласи дека секогаш доаѓа со докази и документи и дека се што говори е точно.
Пред еден месец Владата соопшти дека грчката фирма ППЦ – Архиродон ја доби концесијата за користење на водата на Црна Река во Македонија за производство на струја со изградба на хидроелектрични централи. Донесена била одлука со која се предвидува реализација на најважниот енергетски проект во државата- хидроцентралата Чебрен.
Ова беше четиринаесетти обид за доделување на концесија на Црна Река. На овој му претходеа 13 неуспешни тендери за Чебрен во изминатите 20 години. Идејата, пак, за Чебрен потекнува од 60-тите години на минатиот век. Последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година.