недела, 17 ноември 2024
Реплика на министерот за надворешни работи

Немаме разлиики во Владата, вели Османи за изјавата на Алиу ДУИ да замине во опозиција

Во Владата немаме разлики, нормално комуницираме и со министрите од Алијанса за Албанците, изјави министерот за надворешни работи и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи на новинарско прашање за коментар на изјавата на министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу, кој синоќа на ДУИ ѝ порача да се „апдејтира“ и да оди во опозиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Владата немаме никакви разлики, најсоодветно комуницираме и соработуваме сите министри, од Алијанса за Албанците, од ДУИ, од СДСМ, така шпо јас апсолутно немам забележано никакви разлики во ставовите или во забелешки по однос на кого било од работењето на коалициските партнери. Сметам дека е тоа е важното во овој дел, за останатото нема да коментирам“, одговори Османи.

Алиу синоќа на ДУИ ѝ порача дека е здраво да се биде во опозиција при што во однос на Алијанса за Албанците оцени дека не направиле грешка што станале партија од власта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ