сабота, 16 ноември 2024

Националната скрининг програма за превенција на карцином на дојка ја спушта старосната граница на 45 години

Со новата национална скрининг програма за превенција на карцином на дојка се спушта возрасната граница и во иднина ќе бидат опфатени и жените до 45 години. Оваа новина ја соопшти Маја Манолева, заменик министерка за здравство во обраќањето на панел дискусијата „Прегледај се, превенирај, заштити се!“, како дел од активностите за подигање на свеста за борба против ракот на дојка која вечерва се одржа во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Манолева напомена дека во министерството се работи на подобрување на здравствениот систем и од овој месец започна да се спроведува новиот протокол за упатување на жените за прегледи на дојка што го изработи Националната комисија за рана детекција и скрининг во соработка со „Мој Термин“. Според неа откривањето на карциномот во рана фаза и кога нема симптоми е важно за да се пристапи кон успешно лекување.

„Со новиот протокол жените добиваат упат за преглед, доколку има индикација и на едно место да ги добијат сите потребни прегледи и спроведат сите процедури на едно место. Истиот ден, пациентката добива извештај или упат за повисоко ниво на здравствена заштита“, рече заменик министерката Манолева.

Од новитетите кои се воведуваат со новата програма, покрај воведувањето на иновативна биолошка терапија, со новата национална скрининг програма за превенција на карциномот на дојка има промена и на возрасната граница која од досегашните 50 е спуштена на 45 години. Дополнително е предвидено и за жените кои имаат семејна анамнеза и се на возраст од 40 до 44 години да можат самоиницијативно да се пријават за скрининг програмата.

Таа најави дека со новиот тренд на набавка на нови и софистицирани апарати во јавното здравство и Гостивар ќе добие мамограф.

Покрај Манолева, на панел дискусијата за важноста од водење на поголема грижа за здравјето и почести самопрегледи и редовни прегледи, како клучен сегмент во борбата против карциномот на дојка, зборуваа хирургот Неџати Јакупи и директор на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Љубица Анастасиеска, спец. рендгенолог и гинеколозите Александар Велјаноски и Софија Трајковиќ

Од хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ кои го организираа настанот најавија дека како израз на хуманоста и солидарност во текот на „розевиот месец“ ќе ги покријат трошоците и обезбедија 35 ваучери за бесплатни мамографски прегледи Центарот за рендген дијагностика USA Гостивар. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ