Морачанин вели дека на конференцијата се дискутирало на три главни теми:
1. Динамика на населението и одржлив развој; 2. Семејства, сексуално и репродуктивно здравје во текот на животот; и 3. Нееднаквости, социјална вклученост и права. Таа учествувала на дебатата на парламентарниот форум, на теми од областа на родовата еднаквост, подемот на анти-родовите движења, сексуално и репродуктивно здравје и права, демографија и планирање на семејството.
„Според комбинираното рангирање за сексуалното и репродуктивно здравје и права, Македонија е со 73.9%, на скалата од 0 до 100%. Најслаб резултат имаме по однос на политиките за пристап до контрацептивни средства, советување за планирање на семејството и онлајн информации за контрацепција-46.9%. Клучни идни чекори треба да бидат воведување на задолжително сеопфатно сексуално образование и најмалку едно контрацептивно средство на позитивната листа на лекови“, изјави Морачанин.