понеделник, 25 ноември 2024

МНР: Во целост го почитуваме Договорот од Преспа

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија соопшти дека во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетува дека неговата имплементација е обврска и за двете страни.

Објавено на

часот

Сподели

„Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес. Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет“, се вели во реакцијата од МНР во врска со почитувањето на Договорот од Преспа.

Премиерите на Грција и на Бугарија, Киријакос Мицотакис и Димитар Глвачев на Самитот на ЕУ во Брисел го отворија прашањето за почитувањето на преземените обврски од страна на Северна Македонија на патот кон ЕУ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ