недела, 19 мај 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ

Мицкоски: Ахмети, излези на избори или оди во пензија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети со која му кажа дека е добро тој да се кандидира за претседател на Македонија, но му даде и совет да не се крие зад негови портали со местени информации.

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку му значи на Ахмети нешто мојот совет, да не го објавуваат портали кои што ги плаќа кабинетот на неговиот најблизок соработник. Ценам дека треба да излезе, да се охрабри и самиот да ја најави кандидатурата, нема потреба да се крие позади такви спинови. Така што, ако тој цени дека ќе постигне резултат кој што ќе биде значаен, тогаш зошто да се крие позади нарачани текстови на портали кои што ги финансира неговиот соработник од народни пари“, рече Мицкоски.

Мојата порака и мојот совет, додаде Мицкоски, би бил дека ова е одлична можност за незаслужена политичка пензија.

Мицкоски во изјавите дадени во Охрид даде коментар и за окрупнувањето на опозицијата кај Албанците. Тоа е, рече, добар чекор за демократијата во Македонија.

„Дојдено е време по 22 години на власт, ДУИ да оди во опозиција да доживее внатрешна катарза, реформирање, реструктуирање и по четири години да ја презентира својата нова понуда со која што граѓаните ќе можат да одлучат дали ќе бидат конкурентни или не“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ