сабота, 27 јули 2024

Адеми: Го знаеме „дилот“ за изборниот инженеринг, Ахмети ќе разговара со коалициските партнери

Го знаеме политичкиот „дил“ од кој произлезе изборниот инженеринг, лидерот Али Ахмети ќе разговара со коалициските партнери за натамошните чекори, изјави портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми по состанокот на претседателството на партијата на кој се разговарало за решенијата и одлуките на Управниот суд и на Државната изборна комисија, како резултат на што ќе има прегласување на седум избирачки места. Инаку, со прегласувањето во среда, се доведуваат во прашање два мандати на Европскиот фронт, по еден во Шестата и Петтата изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание предизвика изборниот инженеринг. И пред да се поднесуваат приговорите ние ја известивме јавноста бидејќи имавме информации од прва рака во што се состои политичкиот ‘дил’. Ги известивме сите граѓани, нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела и во Државната изборна комисија, но и во Управниот суд. За натамошните чекори претседателот Ахмети ќе има координативни средби со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Нема што повеќе да додадеме освен тоа што претседателот Ахмети веќе го сподели со сите вас и пред почетокот на денешниот состанок“, изјави Адеми по тричасовниот состанок на претседателството на ДУИ во Мала Речица.

Пред да почне состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека ќе прават анализа на одлуките на, како што рече, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да се повторат изборите на неколку изборни места.

„Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политики се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме. Така што, ние ќе правиме анализа, која исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако сака некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ најави дека ќе се консултираат и експерти околу одлуките на ДИК за прегласување во неколкуте општини на 22 мај.

Инаку, со прегласувањето во среда на седум избирачки места, се доведуваат во прашање два пратенички мандати на Европскиот фронт -на Фатмире Исаки во Шестата изборна единица и на Исмаил Јахоски во Петата изборна единица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ