сабота, 27 јули 2024

Еден работник загина, друг се бори за живот, во несреќа во лифт во Штип

Според засега нецелосни информации, во лифт во угостителски објект во Штип едно лице го загуби животот, а друго се бори за живот.

Објавено на

часот

Сподели

Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, јавува МИА, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ