недела, 17 ноември 2024

МДС бара пропорционално зголемување на платите на дипломатите, во склад со функционерските

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) изразува крајна загриженост од последната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во која покажува виден интерес единствено за сопствената плата, и притоа во ниеден момент не се осврнува на деградирачките плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи. Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела изјави дека живее само од функционерската плата и тој приход му е многу важен. Османи има разбирање за поплаките на граѓаните дека тешко се живее со ниски плати, но не се согласува со други политичари кога ќе речат дека платата не им е важна. Со ваквиот став на Османи се согласија и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Објавено на

часот

Сподели

За МДС „фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати“. Оттаму велат дека синдикатот во повеќе наврати алармирал дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот, пишува меѓу другото во рекацијата на МДС. 

„Очигледно овие барања и апели не допреле до ‘таткото’ на куќата и најверојатно завршиле во некоја од корпите за отпадоци. Примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство за оваа фела. Итно бараме во иста пропорција со платите на функционерите, да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек. Притоа, целосно ги отфрламе неприфатливите оправдувањата дека не постои тековно законско решение за уважување барем на дипломатскиот статус, кога во актуелниот Закон за надворешни работи се предвидува додаток за дипломатско звање, кој во овој момент изнесува срамни бруто 163 денари за највисокото дипломатско звање амбасадор“, реагираат од МДС. 

МДС укажува дека ситуацијата е алармантна и неодржлива и инсистираат за итно постапување по нивните барања.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела изјави дека живее само од функционерската плата и тој приход му е многу важен. Османи има разбирање за поплаките на граѓаните дека тешко се живее со ниски плати, но не се согласува со други политичари кога ќе речат дека платата не им е важна. Со ваквиот став на Османи се согласија и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ