среда, 3 јули 2024

Макрон ги повика гласачите да ја блокираат десницата во вториот круг на гласањето

Францускиот претседател Емануел Макрон веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори ги повика гласачите да ја блокираат крајната десница во одлучувачкиот втор круг од изборите што ќе се одржи на 7 јули.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Соочени со Националниот собир, дојде време за широк, јасно демократски и републикански сојуз за вториот круг“, рече Макрон во соопштение.

Тој, исто така, истакна дека големата излезност во првиот круг зборува за „важноста на ова гласање за сите наши сонародници и желбата да се разјасни политичката ситуација“, пренесува Франс 24.

Екстремно десничарската партија Национален собир води во првиот круг од парламентарните избори во Франција, со околу 34 отсто поддршка од гласачите, покажуваат излезните анкети на четири агенции за испитување на јавното мислење – Ипсос, Ифоп, ОпинионВеј и Елабе.

Според анкетите, левичарската коалиција Нов народен фронт освоила 29 отсто од гласовите, а центристичката коалиција Заедно, на која припаѓа и партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, од 20,5 отсто до 23 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ