недела, 7 јули 2024

Македонскиот амбасадор во Рим повикан на консултации во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го повикал на консултации вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Рим, Италија, Весел Мемеди, потврдија од Министерството за МИА откако тој во февруари годинава на своја рака, без инструкции на Министерството за надворешни работи (МНР), ги известил италијанските власти дека од 12 февруари 2024 година валидните патни исправи со името Република Македонија се неважечки.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа за МИА од МНР, датумот на средбата со министерот ќе биде дополнително утврден.

Мемеди во февруари годинава испрати допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12 февруари 2024 се неважечки. ВМРО-ДПМНЕ тогаш уште опозициска партија, излезе со реакција дека Мемеди на своја рака донел потези со кои им наштетил на македонските граѓани во Италија.

Неколку дена по дописот на Мемеди, МНР, предводено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, испрати нова нота до италијанските власти, информирајќи дека амбасадорот Мемеди нема добиена никаква инструкција да доставува ноти за предметната тема.

„По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации“, соопшти тогаш МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ