недела, 17 ноември 2024
23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

МАЕИ: Наша колективна должност е да го чуваме македонскиот идентитет

Честитка по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба упати единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Објавено на

часот

Сподели

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатува срдечни честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Овој значаен ден зазема посебно место во нашата историја, потсетувајќи нè на непоколебливиот дух и решителност на македонскиот народ, пишува во честитката.

Од МАЕИ потсетуваат дека на денешен ден во 1893 година, формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО, го означила „почетокот на длабокото револуционерно движење насочено кон ослободување на Македонија“.

Тоа беше раѓање на првиот организиран политички субјект, кој го постави камен-темелникот на македонскиот отпор и ги негува стремежите за слобода и зачувување на нашиот македонски идентитет, велат од МАЕИ.

Датумот 23 Октомври е доказ за темелите на македонската државност, а тој е ден кој го славиме со гордост, пишува понатаму во честитката и се посочува дека додека го одбележуваме овој историски настан, сите треба да се потсетиме дека наша колективна должност е, каде и да сме, да го чуваме нашето богато наследство и посебен македонски идентитет.

„Нека е вечен споменот на македонските револуционери, а нивното наследство да продолжи да нѐ инспирира додека напредуваме во единство и решителност кон посветла иднина. Честит Денот на Македонската револуционерна борба на сите граѓани на Македонија и на Македонците ширум светот“, пишува на крајот од честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ