четврток, 4 јули 2024

Лимани и Тошковски се договараа за поголем проток на патници на граничните премини

Итно да се обезбедат услови (средства), кои ќе ги оспособат граничните премини со опрема со која електронски ќе се внесуваат податоците, заклучија на денешната средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. За средбата информираше Беса.

Објавено на

часот

Сподели

Договорено е: отворање на две „линии“, кои ќе се користат исклучиво за иселениците во сезоните на нивното доаѓање во татковината; pосебно постапување со иселениците, овозможувајќи леснотии во постапките за идентификација; итни состаноци на прекуграничните тела со Косово и Србија, за спроведување на интегрираниот систем (заедничко верификација на документацијата), за да се избегнат гужвите.

Приоритет остануваат граничните премини Табановце и Блаца, места кои се најфрекфентни со доаѓањето на иселениците за време на одморите. На средбата се дискутираше и за борбата против криминалот, соопшти Беса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ