Во чест диригентот со светска слава кој Македонија ја славеше низ светот, а потекнува од Владимирово – маестро Чавдарски (1930 Владимирово – 2011 Бризбејн, Австралија) салата го доби неговото име – Ванчо Чавдарски. За нејзиното свечено отворање беше организиран концерт на камерниот оркестар Скопски солисти, под водство на виртуозот на обоа професорот Васил Атанасов, со специјалниот гостин баритонот Борис Трајанов, што за првпат се случува во Малешевијата.
Пред бројната публиката беа изведени дела од европски и македонски композитори, под диригентската палка на Ангел Спировски. За делото на Чавдарски говореше Атанасав кој си спомена на долгогодишното пријателствување со Чавдарски, меѓу што и последната средба во Сеул, Кореа. Тогаш Чавдарски пропатувал 1.000 километри од Австралија до Сеул само за да присуствува на неговиот концерт. Атанасов говореше и за богатиот животопис на Чавдарски и неговите заслуги за воздигнување на македонската култура и музичката уметност, а за неговото значење за историјата и иднината на Владомирово и неговото возобновување зборуваа и Горан Алачки во име на истоимениот центар за култура кој се јави како организатор на концертот, и Камелија Левенска во име на фондацијата д-р Михаил Левенски.
На настанот присуствуваа и видни личности, кои понесоа длабок впечаток за приказната – за генезата на настанот, за почитта, гордоста и љубовта, коишто заедно со емоциите од доживеано и виденото доведоа до овации и долги аплаузи… Се вели дека аплаузите по концертите на Чавдарски во концертните сали ширум светот траеле и до 10 минути.