сабота, 28 септември 2024

Кривична пријава за Самка Ибраимоски за закани кон уставен судија

Министерството за внатрешни работи (МВР) целосно го расчисти случајот пријавен до Секторот за компјутерски криминал на 24 јуни 2024 од страна на претседателот на Уставниот суд Дарко Костдиновски, кој пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставниот суд, Ана Павловска Данева упатени од претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраиммовски преку социјалната мрежа фејсбук, информираше денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Веднаш по добиената пријава, МВР презеде соодветни мерки и беше извршен службен разговор со С.И. во СВР Тетово. Денеска Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд“, пишува во соопштението на МВР.

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски вчера одржа прес-конференција на која се осврна на постапувањето на Уставниот суд кој пред неколку дена поведе нова постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациските односи.

„Сите мои реакции овој изминат период се токму поради гласините дека големите бизнис и банкарски олигарси вршат притисок за овие измени да не профункционираат, заради тоа што директно засегаат во нивниот интерес, а за сметка на граѓаните. Единствено гласот на народот е оној кој треба да ги опомене сите институции, па дури и Уставниот суд дека тука се за народот, токму заради тоа гласно и јавно зборувам овој период на оваа тема. Зошто за ургентно за важечки уставен закон, поставувам прашања до уставните судии, или сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба и ќе го упропастите сопствениот македонски народ, односно 200 илјади блокирани сметки. Ќе има проблеми нормално ќе останат луѓе без куќи, без плацови, без станови и ќе живеат под шатори и приколки. Затоа уште еднаш зошто ургентно за еден важечки закон кој веќе еднаш е одлучено и дел од судиите потврдија дека дел од судиите е разгледан овој закон и не треба повторно да се разгледува“, рече Ибраимоски.

На новинарско прашање дали е точно дека се заканувал на уставните судии, за што пишуваа одредени медиуми, Ибраимовски посочи дека бил повикан во полиција, но тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.

„Јас сум поставил само едно прашање – што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: ‘ќе земам пиштол’ и дека: ‘ќе отепам некого’ или ‘јас ќе се отепам’. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите“, истакна Ибраимоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ