вторник, 15 октомври 2024

Поранешниот министер за одбрана ќе стане нов премиер на Јапонија

Поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба ќе стане нов премиер на Јапонија, откако победи на претседателските избори на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) во вториот круг гласање, победувајќи ја министерката за економска безбедност Санае Такаичи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ишиба освои 215 гласови во вториот круг против Такаичи, која освои 194 гласа, пренесува Кјодо.

Во понеделник се очекува Ишиба да избере нови лидери на ЛДП и да го формира својот кабинет откако ќе биде избран за премиер на вонредна седница на Собранието.

Ишиба, експерт за одбранбена политика, предложи азиска верзија на воениот сојуз на НАТО и порамноправен безбедносен сојуз меѓу Јапонија и САД.

Во моментот кога беше објавена неговата победа, Ишиба стана, мавташе и се поклони многу пати во знак на благодарност.

Тој вети дека партијата повторно ќе стане „скромна и искрена“ и отворена за активна дискусија.

„Ќе го посветам целото мое тело и душа за да ја направам Јапонија безбедна и сигурна земја во која секој ќе може да живее со насмевка“, рече тој.

Премиерот во заминување Фуми Кишидо го следеа скандали околу партиската корупција, ЛДП сакаше нов лидер со надеж дека ќе ја врати довербата на јавноста пред веројатните општи избори.

Кишида му честиташе на Ишиба за победата и рече дека ова е нов почеток за нивната партија.

„ЛДП ќе се прероди, ќе ги исполни очекувањата на граѓаните и ќе постигне резултати“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ