петок, 4 октомври 2024

Русија објави дека освоила село во украинскиот регион Доњецк

Русија објави дека го освоила селото Мариновка во источниот украински регион Доњецк, каде нејзините сили се борат за важниот логистички центар Покровск, пренесува агенцијата Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот генералштаб не го коментираше статусот на Мариновка, но соопшти дека областите во близина на Селидова, на југозапад, доживеале најголема концентрација на руски напади во текот на изминатиот ден.

Се наведува и дека биле одбиени 42 руски напади на Покровскиот фронт.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од бојното поле од ниту една страна.

Руските сили го забрзаа своето напредување во Доњецк во последните недели, заземајќи голем број градови и села.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела е во Соединетите Американски Држави, каде што бара поддршка за воените напори.

Зеленски повторно побара од Соединетите држави да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје со долг дострел во нападите врз воени цели во Русија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера најави повеќе од осум милијарди долари воена помош за Украина за да му помогне на Киев „да победи во оваа војна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ