Како што објаснуваат, целта на дополнителната обработка е да создаде растресит и иситнет површински слој на почвата во кој ќе се посее семето.
„Паралелно со обработката на почвата треба да се изведе и основното ѓубрење, како важна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор на што треба да се посвети посебно внимание при ѓубрењето. Останатите земјоделски култури или во поголем дел, се наоѓат во фаза на берба, се собираат или веќе им се собрани плодовите. Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви“, напоменуваат агрометеоролозите.
Тие укажуваат дека според прогнозата, до утре ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена со повремени врнежи од дожд, локална појава на грмежи и засилен северен ветер. Засилен ветер ќе има и во понеделник што ќе предизвика значителен пад на температурата.