понеделник, 14 октомври 2024

Општина Аеродром казни фирма со 10 илјади евра, палела отпад на отворено

Општина Аеродром казни фирма со 10 илјади евра зашто палела отпад на отворен јавен простор.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„При вонреден инспекциски надзор извршен на 24 септември на булевар Видое Смилевски-Бато, број 13, е затекнат отпад од остатоци од градежни материјали што бил спален од страна на фирма подизведувач на градежни активности“, информираа од Општина Аеродром.

Од Општината појаснуваат дека станува збор за повреда на Законот за управување со отпадот, поради што Одделението за инспекциски работи изрече глоба за фирмата во висина од 10 илјади евра.

„Општина Аеродром апелира до физичките и до правните лица да не прават вакви прекршоци, со кои се предизвикува загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Токму затоа, секое вакво однесување ќе биде ригорозно казнувано“, се вели во денешното сооштение од Општина Аеродром.

Од Општината ги повикуваат жителите доколку забележат несовесно однесување, веднаш да пријават кај општинските служби, затоа што, како што велат, само на тој начин ќе можат сите заедно да си ја зачуваат околината во која живеат, работат и во која ги одгледуваат децата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ