четврток, 10 октомври 2024

Ѓорческа се пласира во полуфинале на ИТФ фјучрсот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања откако во денешното четвртфинале во два сета ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше 80 минути, Ѓорческа првиот сет го доби со 6-4, а во вториот славеше со 6-3.

Утре во полуфиналето македонската тенисерка ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија која денеска немаше меч бидејќи нејзината сонародничка Нина Стојановиќ го предаде мечот поради повреда.

Утрешната ривалка Радивојевиќ од Србија има 19 години и се наоѓа на 229 место на ВТА листата. Во меѓусебените мечеви скорот е 2:0 за Радивојевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ