вторник, 23 јули 2024

Има закани по животот на уставните судии, претседателот на судот пријави во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд. Како што информираат од Уставен суд, пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија, односно судии, поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат  напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии“, стои во соопштението од Уставен.

Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ