недела, 13 октомври 2024

УНХЦР: Повеќе од 30.000 луѓе побегнале од Либан во Сирија во последните 72 часа

Повеќе од 30.000 луѓе побегнале од Либан во Сирија во последните 72 часа поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Претставникот на УНХЦР во Сирија, Гонзало Варгас Љоса, изјави дека речиси половина од таа бројка ја сочинуваат деца и адолесценти.

Околу 80 отсто од нив се Сиријци кои се вратиле во својата земја, а останатите се Либанци.

„Тоа се, се разбира, луѓе кои бегаат од бомбите и преминуваат во земја која се соочува со сопствена криза и насилство веќе 13 години“, изјави тој на новинарите во Женева преку видео врска од границата меѓу Либан и Сирија.

Гонзало Варгас Љоса додаде дека Сирија се соочува со „економски колапс“.

„Мислам дека ова само илустрира колку се тешки изборите што треба да ги направат и Сиријците и Либанците“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ