Регионален центар за Гранични работи Исток поднел кривична пријави против К.Ф. од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, се наведува во билтенот на МВР.
„На 24 септември 2024 година на граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал“, соопшти МВР.
А Регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против К.М. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
„На 24 септември 2024 на граничниот премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификувана косовска возачка дозвола“, информираше МВР.