сабота, 6 јули 2024

Крива Паланка бара државна помош за справување со штетите од невремето

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја повика Владата да овозможи државна помош за Општината за справување со штетите од невремето деновиве, кое оштети над 40 километри земјена патна инфраструктура.

Објавено на

часот

Сподели

„Потребна не е помош од надлежните национални институции и претпријатија за справување со штетите од невремето што општината не е во можност сама да ги санира. Бараме државна помош за брза санација и ефикасно справување со последиците, со цел избегнување поголеми проблеми за мештаните и локалното население во руралните средини и големиот број оддалечени села каде се настанати штетите. Општина Крива Паланка за овој, како и за секој проблем, работи темелно, но решавањето на настанатата состојба не е можно без неопходната поддршка надлежните институции. Само за потсетување, во јуни мината, 2023, година по невремето, Општина Крива Паланка со заеднички сили и државна помош, заедно со ЈП Државни патишта и тимовите на Инженерскиот вод на АРМ, со сите локални служби и расположливи човечки ресурси, успеа навремено да ги санира штетите и да ги врати во првобитна состојба локалните патишта“, рече Митовски.

Тој посочи дека природните непогоди се непредвидливи, единствено што преостанува е како носители на одговорност истата секој чинител да ја прифати и со заеднички ресурси, со поддршка од државата, да се заложат за секој жител, зашто граѓаните се прв приоритет

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ