„Мислам дека нема некој поквалификуван од мене и ќе се откажам само ако Господ Бог зборува со мене и ми каже да го сторам тоа“, изјави Бајден во интервју за Еј-би-си њуз.
Бајден го нарече својот настап на дебатата на 27 јуни со републиканскиот кандидат Доналд Трамп „лоша епизода“, пренесува Ројтерс.
„Нема индиции за некоја сериозна состојба. Бев исцрпен“, изјави Бајден.
Домаќинот Џорџ Стефанопулос инсистираше Бајден да каже што би направил доколку неговата кандидатура ги чини демократите Претставничкиот дом и Сенатот, на што Бајден рече дека нема да одговори на тоа прашање и дека тоа нема да се случи.
EXCLUSIVE: President Biden tells @GStephanopoulos the debate was “a bad episode,” adding that he was “feeling terrible” after a busy month.
The full exclusive interview airs at 8/7c on ABC.https://t.co/hlL4FaVp80 pic.twitter.com/unJF13rrQ7
— ABC News (@ABC) July 5, 2024
На прашањето зошто шесте дена што ги помина во претседателската резиденција Кемп Дејвид не беа доволни за да се подготви за дебатата, Бајден одговори дека причината е тоа што тогаш бил болен.
„Се чувствував ужасно. Ги прашав (докторите) дали ме тестираа за коронавирус, бидејќи се обидуваа да откријат што не е во ред. Ми направија тест за да видат дали имам инфекција. Имав голема настинка“, изјави Бајден.
Тој додаде дека е свесен за неговиот лош настап во дебатата.
„За целиот начин на кој се подготвував, никој не е виновен освен јас. Грешката е само моја“, изјави Бајден и додаде дека и покрај се, „тој сѐ уште е во добра форма“.
На прашањето дали би бил подготвен да направи независна когнитивна проценка и потоа да ги објави резултатите во јавноста, Бајден одговори дека секој ден прави таков тест.
„Секој ден имам тестови. Сè што правам… Не водам само кампања, туку го водам светот. „Звучи како хипербола, но ние (Соединетите Држави) сме суштинската нација во светот“, рече Бајден.