вторник, 23 јули 2024
Димитар Љоровски Вамваковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Во име на добрососедството заборавивме на спроведување на Преспанскиот договор и на другата страна

Што всушност во моментот се случува со Преспанскиот договор?!?
Преспанскиот договор беше потпишан во јуни 2018 година. Оттогаш многубројни грчки политичари, професори, аналитичари и експерти кои подолг временски период се занимаваа со ова прашање и во детали беа запознаени со спорот меѓу двете држави и со 150 години отвореното т.н. македонско прашање, веднаш по потпишувањето на Договорот алармираа за одредени негативни последици од истиот за грчките национални интереси и за напуштањето на децениските грчки црвени линии во однос на т.н. македонско прашање.
Во реалноста сите договори од ваква природа се своевиден компромис од кој и двете страни не можат да излезат како апсолутни победници или губитници. Но, токму тоа го сакаше и за тоа се бореше Грција, да биде апсолутен победник во овој спор, доживувајќи се како посилната страна во конфликтот. Затоа некои членови од Договорот од одредени структури во грчката држава се сметаа за национално предавство. Особено кога станува збор за признавањето на етничката припадност на Македонците, признавањето на македонскиот јазик, националноста, односно отфрлањето на можноста македонската нација да се нарекува „северномакедонска”, потоа чл. 7 каде се признаени македонската историја, култура, традиција, правото на користење на името Македонија, т.е. во целина правото на создавање на сопствен македонски национален наратив.
За овие „недоследности“ од Преспанскиот договор несомнено беа запознаени државната и политичката елита во Грција, и оттука многу лесно можеме да ја заклучиме причината поради нецелосната имплементација од нивна страна на Договорот. Имено, грчката стратегија најверојатно се темелеше на моментот кога евентуалното македонската страна ќе ги искористи овие неповолни, по Грција, аспекти од Договорот, со крајна цел: вршење засилиен притисок и обвинување кон официјално Скопје за некакво си непочитување на Договорот од Преспа.
Со сигурност за овие одредби од Договорот беа запознаени и беа свесни потписниците и предводниците на претходнта македонска влада. Но, сепак, таа влада на СДСМ и ДУИ во духот на некакво си привидно добрососедство, никогаш и не ги експлоатираше овие точки од Договорот, и нормално беше и официјална Атина да не реагира кога од другата страна никој не ѝ даваше повод за тоа, но, сепак, си чуваше џокер (3-те меморандуми кои треба да ги усвои грчкиот парламент), бидејќи знаеше дека постои голема можност наредната македонска влада да го прави токму спротивното.
Навистина, тоа се случи, имајќи предвид дека тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ ги слушаше советите и анализите на одредени македонски експерти, но најверојтно и ги читаше грчките анализи, кои се вистинските придобивки за Македонија од Преспанскиот договор. Всушност ако една страна тогашниот наратив кој опозициската ВМРО го градеше против Преспанскиот договор, ја натера официјална Атина на претпазливост и градење на соодветни стратегии за во иднина, тогаш челниците на ВМРО сигурно ги имаа предвид овие делови од Договорот кои Грција, а можеби и претходната влада „сакаа да ги стават под тепих”. Оттука е и впечатокот дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ретерира во однос на ова прашање, но всушност политичката елита на партијата беше свесна докаде може да оди, а притоа да не се создаде конфликти со нашите стратегиски партнери.
А до таму каде што оди, тоа и го дозволува Преспанскиот договор, се разбира без истиот да биде прекршен.
Димитар Љоровски Вамваковски

КОЛУМНИ

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

Ристо Цицонков

Кaков систем за климатизација да се одбере?

Бојана Јовановска

До каде сме со (анти)родовите политики?

Рајко Пеколски

За дупките

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ