петок, 15 ноември 2024
Ристо Цицонков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Вчера сите медиуми објавија дека грејната сезона почна. Ова се однесува за објектите поврзани на градскиот централен систем на греење во Скопје кој сите го нарекуваат „парно“, а не е парно греење, туку топловодно (нема пареа во цевките). На медиумите беа објавени неколку разговори со граѓани дали имале парно, па некои потврдија, а некои рекоа дека кај нив немало.

Полемика предизвика изјавата на градоначалникот на општината Карпош дека нема да го пуштат парното во училиштата на 15 октомври, туку на 1 ноември. Тој вели дека Министерството за образование и наука (МОН) нема префрлено пари (блок дотации) за претходните месеци и затоа денес нема да се пушти греење во училиштата. Плус тоа, надвор е топло и нема потреба за греење. Министерката за образование изјави дека парите за греење се префрлени, но градоначалникот С. Јакимовски објасни дека се префрлени само дел од парите…

Во врска со оваа проблематика во официјален документ објавен во Службен весник на РМ пишува:

ПРАВИЛA ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА (од РКЕ во 2019 г.)

– Снабдувањето на потрошувачите по правило се врши во периодот од 15 октомври во тековната, до 15 април во наредната календарска година.

– По исклучок од став (1) на овој член, снабдувањето со топлинска енергија може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РМ…

– Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред 15 октомври и по 15 април ја донесува Регулаторната комисија за енергетика…

Не знам дали има понов правилник каде што горниве услови се променети.

Според овој документ грејната сезона и официјално е почната на 15 октомври. Но ЕСМ (снабдување со топлина) ќе го вклучува системот во зависност од надворешните температури.

Но, да преминам на главното: ЕСМ мора да обезбедува работа на парното така што температурата во просториите треба да биде 20 (до 21) оС. Се разбира, дека претходно треба да бидат обезбедени услови за нормална работа (правилно проектирање, изведување и балансирање на цевководната мрежа; да нема дефекти и сл.).

Ако децата во училниците седат на температура пониска од 20 оС, тие може да се разболат. Особено малите дечиња се почувствителни да седат во студени простории. Тоа најдобро може да се согледа со мерење со обичен термометар на височина од 1,5 метри над подот.

Затоа, апелирам до инволвираните страни да седнат и да си ги расчистат сметките и да не ја вознемируваат јавноста. Децата се многу чувствителна тема, особено ако се работи за нивното здравје.

Обезбедете 20 оС (или 21 оС) во училниците!

 Д-р Ристо Цицонков, редовен професор

Машински факултет – Скопје

КОЛУМНИ

Кристина Пота Радуловиќ

Несовршеното лице на перфекционизмот

Рајко Пеколски

Тотална утопија

Нина Л. Хрушчова

Kaко победи Трамп?

Д-р Ристо Цицонков

Греење со дрва, да или не? (1)

Александар Донски

Тројца штипјани биле претседатели на три различни држави!

Ристо Цицонков

Гoдишна конференција за климатски промени, надеж или нова неизвесност?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ