Тој денеска изјави дека во ЕУ ќе бидат водени разговори за да се заврши пругата од Белград до Прешево и најави дека кога би се имало брза пруга до Ниш, полесно би се патувало до Грција и до Турција.
„Ќе се патува со железница од Белград до Ниш за само 1 час и 40 минути, а од Будимпешта до Ниш за 4,5 часа“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти, и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Северна Македонија.
Вучиќ кој присуствуваше на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш, која е дел од проектот за модернизација и реконструкција на пругата Ниш – Димитровград, на трасата на железничкиот Коридор 10, кажа дека ЕУ донираше 80 милиони евра за изградба на пругата Ниш-Димитровград и 35 милиони евра за обиколницата околу Ниш во должина од 22,5 километри.
Тој рече дека за него и за Владата на Србија, пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти.