недела, 17 ноември 2024
23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Ковачевски: Вековниот идеал за независност е денешен мотив да создадеме европска и напредна држава

-На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги спомнуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност. Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, да создадеме европска и напредна држава, напиша на фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски, по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. 

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски порачува дека „континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Македонија да создадеме европска и напредна држава“. 

„На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги спомнуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност. Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца. Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“, наведува премиерот во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ