„Вчера бев цел ден во Собранието бидејќи имаше седница за пратенички прашања. Таму имав средба со претседатели на партиите од коалицијата, меѓу кои и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Разменивме мислења за повеќе работи, меѓу кои и за изборите.
Во Министерството за правда постои работна група според препораките на ОБСЕ/ОДИХР со претставници од партиите, освен од ВМРО-ДПМНЕ па ги поттикнувам да земат учество, зашто не може три – четири партии да одлучуваат за изборната регулатива, за препораките на ОБСЕ/ОДИХР како и за терминот на изборите кои се распишуваат согласно на законските рокови.
Се друго, средби вон тој формат каде сите можат да ги кажат своите ставови, мислам дека се вонинституционални. Такви работи гледавме во минатото кога претседателот на ВМР-ДПМНЕ и претседател на Владата од аеродром кажувал датум па потоа се воделе исцрпувачки преговори, а со таквите политики државата не одеше напред, туку навлезе во длабока политичка криза која потоа со изборите во 2017 година ја надминавме. Оттогаш демократските процеси и изборите се одвиваат според законот“, рече премиерот.