сабота, 28 септември 2024
Време

Конечно разладување, невреме со пороен дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Дневните температури ќе се движат од 26 до 34 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ