вторник, 8 октомври 2024

Стопанска банка Битола продолжува да функционира како самостоен правен субјект

Стабилноста и сигурноста на Стопанска банка а.д. Битола е на највисоко ниво, а депозитите на правните лица и населението се сигурни и постојано растат, соопшти банката откако не е прифатена понудата на Комерцијална банка АД Скопје за преземање на акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. Банката продолжува да функционира како самостоен правен субјект, како и до сега, со сите редовни активности, се вели во соопштението на Стопанска банка Битола.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Банката има исклучително силна капитална и ликвидносна позиција, што претставува сидро на стабилноста за понатамошните активности. Стапката на адекватност на капиталот, којашто е мерка за солвентноста на банката тековно изнесува 26,1% (на крајот од вториот квартал на 2024 година беше 24,57%). За споредба, стапката на адекватност на капиталот на крајот на вториот квартал на годината на ниво на банкарски систем изнесуваше 19,04%, а кај групата на мали банки изнесуваше 20,82%. Ова е доказ дека банката има висок износ на капитал и резерви, усогласени и натфрлени од капиталните барања на Народната банка и од оние на ниво на банкарски систем. Воедно, ликвидноста на банка, којашто е мерка за редовното сервисирање на обврските, е висока.

Учеството на високо ликвидна актива во вкупната актива тековно изнесува 40%, што е двојно повисоко од нивото на банкарскиот систем од 21% (со Кв.1 2024 година). Редовната исплата на сите обврски се одвива непречено. Населението продолжува да штеди и да ги орочува своите заштеди во банката, а кредитирањето кое се одвиваше со намалено темпо, ќе се засили во наредниот период“, соопшти Стопанска банка Битола.

„Сите финансиските показатели на Стопанска банка а.д. Битола укажуваат на сигурност и стабилност во работењето, а заклучно со 30 јуни 2024 година банката оствари позитивен финансиски резултат од 51,01 милион денари што е значајно подобрување во однос на 30 јуни 2023 година кога банката оствари загуба од 53,69 милиони денари. Воедно со 30 јуни 2024 година е остварен позитивен оперативен резултат од 75,92 милиони денари што покажува позитивно оперативно работење на банката. Стопанска банка АД Битола продолжува да биде банка на сите Вас! Традицијата продолжува“, соопшти банката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ