Од Вреди реплицираат на предизвикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој му упатува пораки на премиерот Христијан Мицкоски за одржување парламентарни избори во октомври, идната година, заедно со локалните избори.
„Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно.
Коалицијата ВЛЕН (Вреди) му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи.
Сепак, ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.