четврток, 4 јули 2024
Познати деталите од големата зделка

Јувентус ги потврди трансферите на Ајлинг Џуниор и Баренечеа во Астон Вила

„Старата дама“ попладнево соопшти дека Самуел Ајлинг Џуниор и Енцо Баренечеа се селат во Астон Вила со што се комплетираше големата зделка со која Даглас Луис пристигна во Торино.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус вчера го потврди Даглас Луис како првото големо засилување за Тијаго Мота, Бразилецот пристигна од редовите на Астон Вила за сума од 50 милиони евра, која ќе биде платена на четири рати.

Но „старата дама“ всушнот ќе искешира само 28 милиони евра, откако денеска беа потврдени два трансфери во обратен правец и се комплетираше големата зделка.

Клубот од Торино на Астон Вила и го продава Самуел Ајлинг Џунир за 14 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси, додека пак Енцо Баренечеа е продаден за 8 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.

И овие два трансфери ќе бидат платени на четири рати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ