сабота, 28 септември 2024
Град Скопје информира

ЈСП Скопје, Паркови и зеленило и Улици и патишта добија нови директори

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска назначи нови директори на ЈСП-Скопје и на претпријатијата Паркови и зеленило и Улици и патишта. Смета дека тие се квалификувани да се справат со предизвиците со кои се соочуваат трите градски претпријатија.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Град Скопје, новиот директор на ЈСП е Драги Кушовски, на директорското место на ЈП Паркови и зеленило ќе седне Мартин Ангеловски, додека на ЈП Улици и патишта за нов директор е назначен Ванчо Умленски.

„Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците, со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“, велат од Град Скопје.

Инаку, во последнте месеци автобусите на ЈСП се проретчени, дел поради дефекти и амортизираност, дел и поради заминување на возачите на работа во странство.

Дека има проблеми призна и самата градоначалничка Данела Арсовска притоа неодамна посочувајќи дека претседавачот со Советот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ по 20-ти пат одби да ја стави на дневен ред точката за набавка на нови автобуси. Притоа, таа го посочи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека имал лажно ветување дека ќе организира набавка на 250 нови електрични автобуси за ЈСП-Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ